Одлична е квотата да победи шампионот, но гостува кај тим со којшто има негативен биланс

Милвоки бакс уште во првиот меч од новата сезона во НБА-лигата покажа зошто е актуелен првак откако убедливо со 127:104 го победи Бруклин. Елените сега ќе имаат нов предизвик, и тоа на гости кај Мајами хит. Жешките играа одлично во претсезонските дуели и победија петпати од шест меча, што само потврдува дека се во добра форма.

Кога се работи за дуелите на овие две екипи во 2021 година, Мајами се навикна на порази. Оваа година одиграа пет меча и на сите пет победуваше Милвоки. Четири меча беа во плејофот, кога Мајами едноставно доби „метла“. Можеби моментната форма е на страна на Милвоки, но кога се работи за вкупниот биланс, Мајами е многу подобар.

Овие два тима во регуларниот дел од сезоната имаат одиграно вкупно 118 меча, од кои 71 завршиле со победа на Мајами, а на 47 победил Милвоки. На теренот на Мајами билансот е 37-21 во корист на домаќинот, а Жешките се подобри дури и на гости со 34 победи и 26 порази.

Ноќеска на теренот првпат сезонава ќе излезе и Лука Дончиќ со неговиот Далас, и тоа на гости кај Атланта. На последните осум меѓусебни меча, двата тима постигнувале троцифрен број поени. Токму затоа и основната граница за вкупниот број поени на овој меч е над 224 поени.

Неизвесно треба да биде и на дуелот Годен стејт вориорс против Лос Анџелес клиперс. Воините стартуваа одлично победувајќи го Лејкерс во „Стејплс центарот“, а сега мисија им е на свој терен да го победат и вториот тим од ЛА клиперс.

Гостите од ЛА победија на пет од последните шест дуели со Голден стејт, па ќе биде интересно Стеф Кари и останатите „воини“ дали ќе ја прекинат оваа лоша традиција за нив.

Во Sport Life сега имате можност на еден тикет да одиграте конечен фикс на еден меч, во комбинација со поени на играчи од таа средба. Оваа игра важи за дуелите во НБА и Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести