Пелистер ја заврши прекрасната мисија, мечињата од дербито со Вардар стигнаа кај дечињата во Битола (Фото)

Еурофарм Пелистер информира дека хуманата акција на полувремето од ракометното дерби со Вардар, кога навивачите фрлаа играчки на теренот со цел да им се помогне на децата од социјално загрозените категории, има прекрасен епилог.

Ракометарите на клубот од Битола и членовите на Еурофарм Пелистер ги поделија мечињата на Домот за доенчиња, во Заводот за деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, потоа и во основното училиште „Ѓорѓи Сугаре“ и во детската градинка „Снегулка“ во Битола.

Од Еурофарм Пелистер најавијна и нови вакви акции во иднина.

- Оглас -

Најнови вести