Денес е последниот ден од акцијата на Sport Life „Втора шанса“. Во изминативе 14 дена се случија неколку промени во топ 5 табелата на оваа суперинтересна акција која трае веќе два месеци.
На водечката позиција останува Риста М., кој е лидер со коефициент 19.562,26 благодарение на неверојатниот тикет кој не е добитен само за еден меч, но сега може да му донесе МИЛИОН денари. И на второто место остана Петрит Т., кој сега има 10.118,43 вкупен коефициент.
Стефче С. со 8.998,37 поени изби на третата позиција, додека од петтото место Шефик се искачи едно скалило погоре со вкупната квота од 8.940,59. Кристо претрпе нов пад, па тој ја комплетира првата петорка со 8.577,9 вкупно собран коефициент.
Иако акцијата трае до денес, ќе има една недела рок да се направат сите пресметки, а воедно да се проверат сите тикети со еден промашен пар. Победниците ќе се објават на 26 декември, додека доделувањето на наградите ќе биде по Новата година.
СЕ СОБИРААТ КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА ТИКЕТИТЕ КОИ ИМААТ ПО ЕДНА УТКА
Во игра се сите несистемски тикети најмалку со три натпревари и со еден утнат пар, а условот е да се уплатени со SL картичка. Во трка за милионот влегуваат сите тикети само со еден утнат тип, а се пресметува коефициентот на погодените натпревари кои се собираат од секој тикет поединечно.
Предвид се земаат првите десет уплатени тикети во текот на еден ден од коишто на СЛ картичката на обложувачите се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент без утнатиот пар.
Рангирањето е според збирот на погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, која ги опфаќа сите несистемски тикети (со една комбинација), тикетите уплатени во живо и микс тикетите најмалку со три натпревари и еден утнат пар.
Шампионот во ВТОРА ШАНСА ЗА 1 000 000 ќе добие ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ, а награди ќе има и за квартетот зад него, и тоа по следниот редослед:
второ место – 1.000.000 поени СЛ Маркет
трето место – 500.000 поени СЛ Маркет
четврто место – 300.000 поени СЛ Маркет
петто место – 100.000 поени СЛ Маркет