Ах, тој Ренџерс, еден гол фалеше за добитен хуманитарен тикет од 87.000 денари!

Колку пати досега било, „ах само за еден гол“. Така е и викендов со нашиот хуманитарен тикет составен од поранешниот кошаркарски ас Будимир Јоловиќ. Храбро одигран тикет на кој имаше вкупно 20 натпревари од петокот, саботата и неделата е со 19 погодени.

Тактиката да одигра многу натпревари со посигурни типови е омилена на Јоловиќ, а овојпат за малку не се покажа како успешна за добивка од речиси 1.400 евра.

„Поради тоа што редовно следам фудбал, и обложувањето се наметна како хоби. Често знам да составам тикет токму како овој сега во Sport Life. Со оглед на моменталната ситуација, не ни останаа многу работи освен да се седи дома и да се следат фудбалските натпревари“, ни изјави Јоловиќ во петокот, додека го составуваше хуманитарниот тикет.

ДРАМАТА БЕШЕ НА РЕНЏЕРС, 71 МИНУТА НЕ ПАДНА САМО УШТЕ ЕДЕН ГОЛ

На сите 20 одбрани натпревари, нема поголем коефициент од 1.50, но кога ќе се соберат сите, се добива вкупен коефициент од 174. Од петокот и саботата имаше вкупно 12 натпревари и сите беа точно прогнозирани. Кобен е дуелот меѓу Килманрок и Глазгов ренџерс.

Фаворитот победи минимално со 1:0, а играта на тикетот беше 2+ на цел меч. Ако се знае дека гостите поведоа со погодок во 19-тата минута, значи дека имаше над 70 минути играње за да падне уште еден гол во која било мрежа за да биде добитен хуманитарниот тикет на кошаркарот кој го држи рекордот за најстар играч во Првата македонска лига.

- Оглас -

Најнови вести