Ајакс донесе очекувана одлука во врска со тренерот Тен Хаг

Ерик тен Хаг останува тренер на Ајакс до летото 2022 година откако денеска потпиша продолжување на договорот со клубот кој неочекувано го донесе на чекор од финалето во Лигата на шампионите.

За тренерот на холандскиот првак се интересираа некои клубови, во прв ред Барселона, но тој нема да ја промени средината, а веројатно на тоа влијаеше и одлуката на Каталонците да го задржат Ернесто Валверде. Тен Хаг, кој има 49 години, го води Ајакс од декември 2017 година.

По одличната сезона, на Ајакс му претстои реконструкција, некои од ѕвездите си заминуваат, па пред Тен Хаг е задача да најде соодветни замени и повторно „да измисли“ млади играчи кои ќе го понесат товарот и со успех ќе играат на два фронта.

- Оглас -

Најнови вести