Ако се пласира на ЕП 2020, Македонија ја чека пеколна група

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата ќе биде дел од ждрепката за групите на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Иако Македонија уште се нема пласирано на континенталното натпреварување, фактот дека играме во баражот од Лигата на нации, дава опција нашата репрезентација „виртуелно“ да биде дел од денешната ждрепка која во 18 часот ќе започне во Букурешт.

Мисијата на Македонија е да го победи Косово во Скопје, во полуфиналето од баражот во Лигата на нации, а потоа да слави и во дуелот со подобриот од Грузија – Белорусија на гостински терен. Ако тоа се случи, Македонија ќе биде селекцијата што денеска на ждрепката ќе се влече како победник од Д сегментот во Лигата на нации.

Засега се познати 20 од 24-те национални тимови, а се знаат и дел од тоа како ќе изгледаат групите, бидејќи се работи за полудиригирана ждрепка. Се знае дека победникот од Д сегментот не може да биде во А групата, во Б групата и во Е групата. Тоа значи дека остануваат Ц, Д и Ф групите како опција за Македонија, доколку се избори за место на ЕП 2020.

Во Б групата е речиси сѐ јасно. Белгија ќе игра заедно со Данска и Русија, а четвртата селекција ќе биде една од Велс или Финска.

Еве како потенцијално изгледаат шесте групи за ЕП 2020:

Група А: Италија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, Велс или Финска.

Група Б: Белгија, Данска, Русија, Велс или Финска

Група Ц: Украина, Холандија, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, победникот од сегментот А/победникот од сегментите Ц или Д

Група Д: Англија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, победникот од сегментите Ц или Д

Група Е: Шпанија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, победникот од сегментот Б

Група Ф: Германија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, Победникот од сегментот А, Б или Д.

Еве како ќе бидат распоредени селекциите во четирите шешири на денешната ждрепка:

Прв шешир: Белгија, Италија (домаќин), Англија (домаќин), Германија (домаќин), Шпанија (домаќин), Украина

Втор шешир: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија (домаќин), Русија (домаќин)

Трет шешир: Португалија, Турција, Данска (домаќин), Австрија, Шведска, Чешка

Четврти шешир: Велс, Финска, Победник од А сегментот, Победник од Б сегментот, Победник од Ц сегментот, Победник од Д сегментот.

- Оглас -

Најнови вести