Ако се суди според првиот меч, ова коло во Премиер лигата ќе биде лудница

Вест Бромвич Албион славеше со 3-2 во локалното дерби против Вулверхемптон во многу интересен меч во кој ВБА поведе, па се најде во негатива, но во второто полувреме направи пресврт и дојде до втората победа сезонава во Премиер лигата. Ѕвезда на првото полувреме беше Вили Боли кој имаше гол асистенција и направен пенал, но ВБА стана прв премиерлигаш после десет години, кој шутнал два пенали на еден меч, а игра во елитата откако претходната сезона биле во Чемпионшип.

Менаџерот Сем Алардајс дојде до првата лигашка победа откако го презеде ВБА, а вторпат (првиот пат во 2016 година) се најде во ситуација еден негов тим да губи на полувреме после водство од 1-0, но за негова среќа, и во двата случаи, неговиот тим на крај победува.

Малер на мечот е младиот Португалец Фабио Силва, кој има дадено два гола за Волците, но на двата меча на кои тој даде гол, тимот загуби. Вулфс има два порази по ред, двата дома, и ако кризата потрае, може да се најдат во ситуација да се борат за опстанок, иако според бодовите, поблиску се до третото, отколку до 18-тото место.

- Оглас -

Најнови вести