Алаба го фати вистинскиот момент за спектакл, Реал со пресврт и „кец во два“ ја победи Алмерија (Видео)

Реал Мадрид не дозволи да биде изненаден од Алмерија на стартот на новата сезона во Ла Лига и актуелниот шпански првак победи со пресврт со 2:1 на „Медитеранео“ на првото гостување по цели 8 години.

Клучен за победа беше велемајсторскиот гол на Давид Алаба само што влезе во игра. Австриецот го замени Менди во 74-тата минута и веднаш во првиот допир погоди фантастично од слободен удар за победа од 2:1.

Голот на Алаба во 75-тата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно Лукас Васкес израмни на 1:1 во 61-вата минута, откако домаќините рано поведоа.

Со голот на Ларџи Рамазани во седмата минута, Алмерија водеше со 1:0, а потоа умешно се бранеше.

Реал потоа напаѓаше урагански, изведе дури 12 корнери во првото полувреме, што е најмногу на меч од Ла Лига од 2004 година.

Премиерниот меч за Реал во Ла Лига имаше и интересна ситуација за историја на Кралскиот клуб.

За првпат стартери за најтрофејниот шпански клуб беа четворица француски фудбалери, Бензема, Менди, Камавинга и Чуамени.

 

- Оглас -

Најнови вести