Алиоски брзо ќе се врати во стартниот состав на Лидс

Езџан Алиоски е многу блиску до враќање во стартната постава, барем ако се суди според анализата и критиките што ги доби неговиот конкурент на левата бековска позиција, Бери Даглас. Шкотскиот интернационалец беше повреден во поголемиот дел од мината сезона, па сега се враќа, но не задовли на стартот против Бристол сити.

„Немаше офанзива, а имаше и грешки во одбранбениот дел. Среќа за Лидс е што имаше многу расположени играчи, па се покрија слабостите во играта на Дејвис. Можеби не игра во форма каква што од него се очекува по долгата пауза, но ако продолжи вакал Алиоски брзо ќе се врати во стартниот состав“, пишуваат новинарите на Островот.

Алиоски играше десеттина минути во финишот на првиот дуел во новата сезона во Чемпионшип, а и тој се уште не е докрај фит по повредата и операцијата на мускулот на ногата.

Во април годинава македонскиот репрезентативец скина мускулно влакно, па се уште се рехабилитира од повредата, иако настапи како резерва веќе на првиот меч за Лидс во новата сезона. Лани играше на 44 од вкупно 46 меча, а можно е да биде во првиот тим веќе в сабота, кога на „Еланд Роуд“ доаѓа двојниот европски првак Нотингем Форест.

 

- Оглас -

Најнови вести