Алиоски пресреќен по евроголот за Фенербахче (фото)

Езѓан Алисоки со феноменален еврогол вчера ја отвори својата сметка во Фенербахче, со што ги запечати трите бода во победата од 4-2 над Адана во мечот од третото коло во турската Суперлига.

Македонскиот репрезентативец како супер замена од клупата го запиша лигашкото деби, а му беа потребни само четири минути да покаже каков квалитет поседува, но и каков топ има во левата нога.

Популарниот Џани се огласи на социјалните медиуми по мечот, пред сè е среќен што помогна домашните навивачи да се радуваат на триумф, а најави и нови евроголови.

„Одлична победа за нашите фанови. Се боревме, работевме напорно и го добивме тоа што го посакувавме. Пресреќен сум што придонесов за тимот со мојот гол. Да продолжиме во ист стил“, напиша Алиоски на неговиот твитер-профил.

https://twitter.com/ezgjanalioski/status/1561842301042843648

- Оглас -

Најнови вести