Алкарас се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Карлос Алкарас беше подобар од Американецот Томи Пол (13-ти на АТП-листата), со 6-7, 6-4, 6-2, 6-2, и сега Шпанецот откако кратко ќе ја прослави победата и ќе присуствува на прес-конференција, од 21 часот ќе може да гледа фудбал и да навива за Црвената фурија, која игра со Франција во полуфиналето на ЕВРО 2024.

Алкарас, кој е бранител на трофејот, во полуфиналето ќе се сретне со Русинот Данил Медведев, кој денеска во пет сета го елиминираше Јаник Синер, кој беше прв носител.

Ако нема големо изненадување, се чини дека и годинава на Вимблдон кај мажите ќе се игра финале помеѓу Алкарас и Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести