Алушовски ги „поздрави“ сите оние кои го критикуваа Вардар изминатиов период

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, беше презадоволен од победата над Фленсбург и даде пофални зборови за своите ракометари. Стратегот на Вардар истовремено не заборави да ги „поздрави“ сите оние кои не веруваа дека Црвено-црните може да победат против германскиот ривал.

„Ова е една голема победа која ќе ни даде мотив да бидеме во ист ритам и понатаму. Честитки за карактерот на овие момци. Иако немавме натпревар повеќе од еден месец, подготвени го дочекавме овој меч. Одлично го изанализиравме и одигравме тактички одлично. Ова се големи два бода што треба да ни го отворат патот кон осминафиналето. Што се однесува до критиките кои ги добивавме во изминатиов период, мислам дека во Македонија сите се паметни и сакаат да бидат паметни по војната. Јас се трудам да ја работам мојата работа. Да го пренесам моето искуство. Тоа што го знам. Се надевам дека и понатаму ќе имаме вакви мечеви во Лигата на шампионите“, рече Алушовски на прес-конференцијата по победата над Фленсбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести