Американците никогаш не станале олимписки шампиони после пораз во прво коло

Поразите на американска машка кошаркарска репрезентација на Олимписки игри се ретки, и затоа денешниот пораз од Франција во првото коло на Игрите во Токио, е повод за анализи и статистики. Откако користат НБА играчи (од 1992 година), Американците на големите натпреварувања (Светско првенство и Олимписки игри) имаат само десет порази (на 150 меча), а само од Аргентина и Франција загубија повеќе од еднаш.

Американците имаа серија од 25 победи по ред на олимписките мечеви, од 2008 наваму, и таа низа заврши денеска. Претходниот пораз им беше во Атина пред 17 години во полуфиналето, па на тие ЛОИ кога истотака загубија во прво коло, тогаш од Порторико, мораа да се задоволат само со бронза. Досега само еднаш во историјата се случило репрезентација која загубила во првото коло, на крај да го освои златото на ЛОИ. Тоа му успеа на СССР во 1988 година.

Од последните осум меча (тука се сметаат и пријателските), САД со НБА играчи има пет порази и само три победи.

- Оглас -

Најнови вести