Анчелоти до Родриго: Веќе никогаш да не ти се повтори тоа!

Реал Мадрид со фантастичен пресврт стигна до победа од 3:2 на гостувањето кај Вилјареал и Кралскиот клуб се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија. По првото полувреме, најтрофејниот клуб во Шпанија беше во негатива од 2:0, но тимот на Карло Анчелоти не се предаде и со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3:2.

Пресвртот на Реал започна во 57-мата минута кога Винисиус јуниор погоди за 1:2, а потоа следуваа погодоците на Милитао и Себалјос за радост на гостите. Само една минута пред да започне пресвртот на гостите, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, реши во 56-тата минута од игра да го извади Родриго.

Младиот Бразилец беше незадоволен затоа што излегува од терен и нервозно седна на клупата за резерви. Веднаш реагираше тренерот Анчелоти, кој дојде до Родриго и му оддржа лекција на младиот фудбалер. Италијанскиот стратег по мечот објасни што му објаснил на фудбалерот.

„Тензии со Родриго? Нема ништо такво. Само му реков дека следниот пат кога ќе излезе од игра, да не заборави да ме поздрави“, објасни Анчелоти, кој додаде дека на полувремето ги советувал играчите дека треба да се „разбудат“ и да играат затоа што има доволно време за пресврт.

На крајот Реал славеше, а интересно е тоа дека овој пресврт на Кралевите на еден обложувач во Sport Life му донесе одлична добивка на погоден тикет. 

- Оглас -

Најнови вести