Ги погоди пресвртите што ги направија Реал и Сити и одлично си заработи

Манчестер сити и Реал Мадрид синоќа ја покажаа класата на големи клубови откако по негатива на полувреме од два гола, успеаја да се вратат во вториот дел и на крајот да победат. Сити на свој терен губеше со 0:2 од Тотенхем по првите 45 минути, но Граѓаните фуриозно започнаа во вториот дел и веќе во 63-тата минута водеа со 3:2, а на крајот славеа со 4:2 за освојување на три бода во Премиер лигата.

Реал Мадрид гостуваше кај Вилјареал во рамките од Купот на Шпанија, а Кралевите на полувремето беа во заостанување од два гола. Подморницата имаше предност од 2:0, но Реал во вториот дел направи чуден пресврт и победи со 3:2. Себалјос во 86-тата минута го даде погодокот за 3:2.

На овие два пресврти синоќа се израдува и еден играч во Sport Life, кој одиграл тикет дека Сити и Реал ќе победат токму со пресврти. Само со 35 вложени денари, среќникот си заработи чисти 18.079 денари.

- Оглас -

Најнови вести