Анчелоти: Ова е болен пораз, но веќе сме со мислите на Светското клупско првенство

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека поразот од Мајорка (1:0) во 20-то коло од Ла Лига е болен, но нема време за анализа бидејќи мислите му се насочени кон Светското клупско првенство.

Реал како европски шампион, в среда ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство против Ал Ахли.

Кралевите денеска го доживеаја вториот пораз на последните пет натпревари во Ла Лига и доколку Барселона вечерва ја совлада Севилја, ќе им избега осум бода на табелата.

„Ова е болен пораз за нас, но немаме многу време за анализи. Не одигравме лошо, но рано примивме гол, а потоа промашивме пенал, кој се одрази на конечниот резултат. Не чека настапот на Светското клупско првенство и мораме да се фокусираме на тоа“, изјави Анчелоти по натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести