Андре Гомес опериран, но дали ќе може повторно да игра фудбал?

Андре Гомес, фудбалерот на Евертон, беше успешно опериран по страшната повреда која ја доживеа на дуелот против Тотенхем. Португалецот заработи скршеница на глуждот на десната нога и на носилки, со болен израз на лицето, го напушти теренот.

Гомес беше директно пренесен во болница, а денеска беше извршена операцијата. Според најавите од Евертон, нивниот играч треба целосно да закрепне и по одреден период повторно да се врати на теренот.

„Евертон може да потврди дека Андре Гомес денеска беше на операција. Санирана е фрактурата и дислокацијата на глуждот на десната нога. Операцијата помина многу успешно. На Андре сега му претстои одреден период на закрепнување во болница, а потоаќе започне и рехабилитацијата под будното око на лекарскиот тим на Евертон. Очекуваме целосно закрепнување“, стои во соопштението на Евертон.

Гомес се повреди откако врз него стартуваше Сон Хеунг-мин, а потоа Гомес падна врз Орие и ја скрши ногата. Целата ситуација делуваше многу страшно, а дури и Сон, кој стартуваше над Гомес, не можеше да поверува што му се случи на Португалецот. Целата ситуација од повредата може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести