Сон плачеше како мало дете, а всушност, тој не му ја скрши ногата на Андре Гомеш (Видео)

Евертон и Тотенхем ремизираа 1:1 во меч кој ќе остане запамтен по тешката повреда што ја здоби играчот на домашните, Андре Гомеш. Се играше 78 минута кога Сон стартуваше врз Гомеш, а фудбалерот на Евертон падна како покосен и започна да се витка од болка.

Сите играчи беа запрепастени од глетката. Гомеш заработи скршеница на ногата, а еден од оние кои беше највознемирен беше токму Сон. Играчот на Тотенхем плачеше од шокот дека поротивникот се повреди.

За стартот, Сон доби црвен картон, а судијата не побара помош од ВАР системот.

Иако Сон беше тој кој стартуваше над Гомеш, повторената снимка покажува дека неговиот старт и не е толку страшен за да има скршеница. Страшната повреда е откако Гомеш падна и удри директно во Серж Орие. Од тој судар со Орие, Гомеш доби скршеница на ногата.

https://youtu.be/ja2SOP8UOLQ

- Оглас -

Најнови вести