Англичаните се шегуваат – Финишот во Премиерлигата го крстија како „Бонус коло“

Вулверхемптон ќе добие бонус ако Ливерпул ја освои титулата во Премиерлигата, а двете екипи играат меѓусебе во последното коло.

Црвените се домаќини на „Енфилд Роуд“ и им треба победа против популарните Волци и кикс на Манчестер сити против Астон Вила за да бидат нови првацо во Англија.

Ако Ливерпул ја освои титулата, Вулверхемптон ќе добие бонус што е договорен при трансферот на Диого Жота, кој вредеше 45 милиони евра, плус додаток што не е објавен колку вреди, но е предвиден со договорот како бонус, ако 19-кратниот англиски првак ја освои и јубилејната англиска круна.

Бонус има и на вториот меч што одлучува за титулата во Премиерлигата, меѓу Манчестер сити и Астон Вила.

Актуелниот првак игра на својот „Етихад“ и му треба победа за сигурно да ја одбрани титулата, а и тука ривалот има загарантиран бонус.

Џек Грилиш би и донел на Астон Вила дополнителни 18 милиони евра, ако Манчестер сити го крене пехарот, а тоа е предвидено со договорот на двата клуба при трансферот на англискиот репрезентативец од Вила во Сити, вреден 117.5 милиони евра.

Чудната ситуација Англичаните ја објаснија со нивниот прешпознатлив хумор и последната рунда во Премиерлигата што ќе се игра во недела ја нарекоа „Бонус коло“.

 

- Оглас -

Најнови вести