Само неколку секунди фалеа да се случи едно од најголемите изненадувања во историјата на европските првенства, но Англија не дозволи. Словачка водеше со 1:0 против Гордиот Албион до 90+4 минута, а тогаш Џуд Белингам со „ножички“ погоди за 1:1 и ја спаси Англија од пораз.
Англиските фанови неизмерно се радуваа кога видоа дека резултатот е 1:1.
The London watch party went absolutely wild after that Jude Bellingham goal 🎉🏴 pic.twitter.com/zG0yPv0ozg
— FOX Soccer (@FOXSoccer) June 30, 2024
Само што започна продолжението, Хари Кејн погоди за 2:1, па следуваше нов делириум над фановите на земјата која сонува да стане европски првак.