Антиќ погребан 15 месеци по неговата смрт

Прославениот српски тренер Радомир Антиќ денеска е погребан во семејната гробница на градските гробишта во Ужице. Антиќ кој е единствен во историјата што бил тренер на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, почина на 6 април минатата година во Мадрид.

Поради влошување на епидемиолошката ситуација со Коронавирусот, неговото кремирано тело беше донесено во Србија дури 15 месеци подоцна. На последното испраќање на Антиќ се појавија голем број на познати спортисти, меѓу кои беа и Владе Дивац, Дејан Станоквиќ, Немања Матиќ…

Се очекува стадионот во Ужице за брзо време да биде преименуван во „Радомир Антиќ“, во чест на легендарниот тренер.

- Оглас -

Најнови вести