Арсенал гостува кај тим што се бори за опстанок, а го нема победено на последните пет меча

1114 Брајтон – Арсенал (19 ч.)

По 15 одиграни кола, тешко кој очекуваше дека Брајтон ќе биде веднаш до Арсенал на табелата. Тоа е така затоа што Топчиите имаат очајна прва полусезона и досега освоија само 17 бодови, што е доволно за 15-тото место во Премиер лигата.

Брајтон е очаен на свој терен и во седум меча нема ниедна победа, а освои само четири бода досега. Ни Арсенал не е многу подобар кога се гледа билансот на гости, каде што има седум бода во седум гостувања. Сепак, победата на Топчиите во градското дерби против Челзи ја подгреа самодовербата на Арсенал и сега сигурно гостите ќе одат на три бода.

Домаќините ќе се надеваат на традицијата која вели дека Брајтон во последните пет меча против Арсенал има три победи и две нерешени, без пораз. Интересно е што сите три победи се со резултат 2:1, а двете нерешени се 1:1, што значи дека двете екипи традиционално даваат голови.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.50) – Квота на денот во Sport Life

 

1302 Барселона – Еибар (19:15 ч.)

Барселона има проблеми околу составот, но тоа не треба да биде пречка каталонскиот гигант да ги освои трите бода против Еибар. Од 12 меѓусебни средби, Барселона има 11 победи и само едно реми, а секогаш паѓале минимум два гола.

Ако се следи оваа традиција, тогаш гостите нема што да се надеваат, иако Барселона ќе биде без Меси, Пике, Роберто, Алба и Фати. И Еибар нема да биде комплетен, па тимот кој сезонава добро се брани и прими само 15 гола, сепак не би требало да го издржи налетот на домаќините.

Предлог тип: 1 &2-4 (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

1118 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (21 ч.)

Манчестер јунајтед има голем мотив на овој меч бидејќи со три освоени бода, Црвените ѓаволи ќе се искачат на второто место на табелата и во Новата година ќе влезат веднаш зад лидерот Ливерпул. Проблем за Манчестер е тоа што сезонава игра слабо на својот „Олд Трафорд“ и има само две победи во седум средби.

Сепак, самодовербата која ја има тимот во последните мечеви и расположените во нападот Рашфорд и Фернандеш им даваат право на домаќините да очекуваат победа. Вулверхемптон е незгоден ривал за Манчестер, па традицијата вели дека на последните седум меѓусебни меча Јунајтед има само една победа, а ниту еднаш не дал повеќе од еден гол. Токму вечерва очекуваме оваа традиција да прекине.

Предлог тип: Т1 1+ I & T1 2+ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

1301 Севилја – Вилјареал (17 ч.)

Дуел на две квалитетни екипи кои се во горниот дел од табелата. Вилјареал е експерт за нерешени и досега има осум ремија во 15 меча. Севилја дома некако е несигурна, а Жолтата подморница е тежок ривал против кого нема победа на последните пет дуели.

Вилјареал е во неверојатна низа од 20 средби без пораз во сите натпреварувања (12 победи и осум нерешени), па сигурно гостите ќе сакаат да ја завршат годината со продолжување на оваа серија.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

1117 ВБА – Лидс (19 ч.)

Кога игра Лидс, головите треба да се гаранција. Во досегашните 15 кола, Лидс даде 25, а прими 30 гола, што значи дека во просек паѓаат по 3,66 погодоци на натпревар. И ВБА има 30 примени погодоци, па заедно со Лидс ги имаат најслабите дефанзивни линии во Премиер лигата.

Кога ќе се сретнат екипите кои не знаат да се бранат, а сигурно сакаат да победат во овој меч, головите не треба да изостанат.

Предлог тип: ГГ3+ (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести