Арсенал станува бразилска колонија, се засили дефанзивата на Топчиите

Арсенал денеска го потврди трансферот на 22-годишниот дефанзивец Габриел Магалјаес. Тоа е играч кој досега ги бранеше боите на францускиот тим Лил, а кај Топчиите замина за сума од 28 милиони евра. Габриел потпиша петгодишен договор и стана четвртиот Бразилец во редовите на лондонскиот тим, а втор кој доаѓа во овој преоден рок.

Претходно Арсенал го промовираше Вилијан, кој дојде како слободен играч од Челзи, а сега се приклучува и Габриел. Новото засилување ќе мора во следните 14 дена да остане во карантин затоа што во Велика Британија важи законот за морална самоизолација од две недели за сите странци.

„Воодушевени сме што го доведовме Габриел. Тој е играч кој подолго време го следиме и знаеме дека за него се интересираа повеќе клубови. Затоа сме горди што успеавме да го добиеме неговиот потпис“, рече техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Во Арсенал ќе се врати и Дани Себалјос и тоа како позајмен играч и уште една сезона ќе го носи дресот на Топчиите. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести