Астон вила направи чудо и сега може да се спаси

По седум порази во низа, Астон вила во можеби најважниот меч успеа да го победи Арсенал. Тимот од Бирмингам на свој терен славеше минимално со 1:0, но тоа беше доволно за освојување на три бода. Со тие три бода, Астон вила стигна до 34 бодови, колку што има и Ватфорд, но екипата од Бирмингам е на позицијата која носи опстанок.

Египетскиот играч за врска Трезеге беше стрелец на погодокот вреден победа. Трезеге погоди во 27-мата минута, претворајќи се во херој за Астон вила затоа што погодува третпат во последните три меча, колку што имаше голови на претходните 30 одиграни средби.

Арсенал на овој меч уште еднаш ја покажа слабоста во првото полувреме. По 13-ти пат сезонава Топчиите беа во негатива од 0:1 на полувреме. Лондонскиот тим е на 10-тото место и не може да заврши полошо дури и да загуби и во последното коло.

Астон вила во одлучувачкиот меч за спас ќе гостува кај Вест хем, додека Ватфорд ќе гостува кај Арсенал. Доколку Арсенал го победи Ватфорд, Топчиите автоматски ќе бидат клубот кој директно влијаел на тоа која екипа ќе испадне. Ватфорд вечерва на свој терен убедливо со 0:4 загуби од Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести