Атракцијата на Депај ги спаси Лалињата од кикс против Шкотска (видео)

Шкотска ја задржа репрезентацијата на Холандија на реми од 2-2 во првиот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство. Фаворитот во нашата група Ц не делува толку опасно како што се најавите, составот на Франк де Бур се спасуваше во финишот преку капитенот Мемфис Депај.

Моментално најдобриот играч на Лалињата како двократен стрелец на двапати анулираше предност на Шкотска, со фантастичен слободен удар во 89-тата минута ги постави конечните 2-2, откако претходно стрелаше и во првото полувреме.

https://streamable.com/nmeu1q

Од 63-тата минута Шкотска водеше со 2-1 преку Нисбет, додека во првото полувреме Депај имаше одговор и за водечкиот гол на Хендри во раната фаза од мечот.

- Оглас -

Најнови вести