Австралијката Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно

Австралиската пливачка Аријарне Титмус постави нов светски рекорд во трката на 200 метри слободно на државните олимписки квалификации во Бризбејн.

Титмус во финалето постигна резултат од 1:52,23 минути и го собори рекордот на сонародничката Моли О’Калаган од 1:52,85 минути од минатогодишното Светско првенство.

О’Калаган заврши на второто место на денешната трка со време од 1:52.48 минути.

„Светскиот рекорд е само бонус. Возбудливо е да го правам ова во мојот роден град, ми дава голема самодоверба пред Олимписките игри“, изјави Титмус по фантастичниот резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести