Азар дебитираше со пораз во дресот на Реал, Баерн беше пресилен (Видео)

Баерн Минхен со 3:1 го победи Реал Мадрид во дербито на Интернационалниот куп на шампион, во меч одигран во Хјустон, САД. Во дресот на Реал дебитираше најголемото засилување Еден Азар, но белгискиот репрезентативец ќе памти дека загубил во првиот меч во дресот на Кралскиот клуб.

Толисо погоди за Баерн во 15 минута и го најави триумфот на баварците. На полувремето, Реал Мадрид го смени комплетно целиот состав, а Баерн во текот на вторите 45 минути направи девет измени. И во ваква ситуација, Баерн беше подобар. Левандовски погоди за 2:0 во 67 минута, а две минути подоцна Гнабри зголеми на 3:0.

Да не биде дебакл без даден гол на Реал се погрижи Родриго со прекрасен шут од слободен удар во 84 минута и намали на 3:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. И на овој меч се покажа дека реализацијата може да претставува сериозен проблем за Реал Мадрид.

По завршување на дуелот, тренерот на Реал, Зинедин Зидан даде изјава која делуваше понижувачка за Герет Бјел, единствениот играч на Кралевите кој не настапи на овој дуел.

https://youtu.be/odtruIMFpFs

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести