Азар не е ништо, Реал подготвува „шлаг на торта“ за новата сезона!

Реал Мадрид е најактивниот клуб кога се работи за купување играчи за новата сезона. Кралскиот клуб досега потроши повеќе од 300 милиони евра за засилувања, а преодниот рок официјално уште не е започнат. Еден Азар е првата ѕвезда која досега пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

Вечерва во 19 часот ќе биде преставувањето на белгискиот репрезентативец, а некои предвидуваат дека тоа ќе биде и нов светски рекорд по бројот на навивачи кои ќе се најдат на една промоција. Иако фокусот е кон Азар, Реал подготвува нова „бомба“. Кралевите сега се фокусираа на завршниот удар за ова лето. Сакаат да го доведат Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан ја обожува играта на Мбапе, играч од кого се очекува во следните 10-тина години да биде меѓу најдобрите во светот. За тоа колку голем талент е Мбапе, покажува и фактот дека ги надмина рекордите на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, за времето кое му било потребно да стигне до 100 погодоци во сениорската кариера. 

Мбапе во Пари Сен Жермен дојде за сума од 180 милиони евра, а сега неговата вредност е проценета на уште поголема сума. За да успее Реал да го доведе и Французинот, ќе мора да продаде и неколку играчи, инаку би го нарушил финансискиот фер плеј. Преодниот рок во Европа уште не е ни почнат, па тоа значи дека мадридскиот гигант има време за „операцијата Мбапе“. Реал досега многупати покажал дека кога ќе реши да купи еден играч, нема пречка која може да го сопре во намерата.

 

- Оглас -

Најнови вести