Азурна ноќ во Палермо – Италија ќе слави и рекорд и пласман на ЕП 2020

Грција – Финска (Квалификации за ЕП 2020, 20.45 часот)

Двете репрезентации сакаат со хет-трик победи да го завршат квалификацискиот циклус. Финците веќе го прославија историскиот успех со сефте пласман на големо натпреварување и веќе не се рекордери по бројот на безуспешни обиди да се пласираат на Европско или Светско првенство.

Тему Пуки е хит во квалификациите, постигна 9 гола, или во просек по еден на меч, и тој беше лидер во успешната авантура на Летечките Финци на патот до пласман на ЕП 2020 година.

Гостите ќе бидат релаксирани, секако се втори и ќе играат идната година за континенталниот собир и овде притисокот е малку поголем во домашниот табор.

Грците имаат неуспешни квалификации и ќе се обидат да се утешат со четврта победа, трета по ред за да го потврдат третото место. Доцна се разбудија и шансите за ново учество на големо натпреварување за некогашните европски прваци брзо пропадна.

Овде и единицата е добра за играње, но бидејќи е меч без резултатско значење, ќе одиграме дека и двете репрезентации ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.15)

 

Италија – Ерменија (Квалификации за ЕП 2020, 20.45 часот)

И тука сè е решено, па публиката на Сицилија ќе ужива во настапот на Аѕурите, кои одиграа маестрален циклус и во сложена група имаат шанса да направат „марс“ со сите 10 победи.

Оваа генерација предводена од селекторот Роберто Манчини урна еден рекорд стар 80 години. Со 10 победи по ред, девет во овој циклус и една од претходниот, падна серијата од 9 победи на легендарниот селектор Виторио Поцо, кој ги предводел Аѕурите до ваков подвиг во сезоната 1938/39.

На „Ренцо Барбера“ во Палермо се најавува спектакуларна атмосфера во чест на одличните италијански репрезентативци, па типуваме дека ќе биде и ефикасно без многу калкулации.

Ерменија ќе игра на победа бидејќи може да биде и трета во групата, а поранешните вардарци Барсегјан и Хамбарѕумјан со соиграчите немаат што да загубат, па можат да одиграат релаксирано и на прва победа во меѓусебните дуели со Аѕурите.

Досега сите три меѓусебни дуели завршија со 4+, што е одлична опција и за денешниот меч.

Предлог тип: 4+ (2.15)

 

Шпанија – Романија (Квалификации за ЕП 2020, 20.45 часот)

Шпанците играат моќно и имаат толку квалитетни фудбалери, што можат да си дозволат комплетно да го сменат составот и пак да газат квалитетно. Со неколку нови играчи во тимот, дел и дебитанти, ја прегазија Малта, а вечерва на „Ванда Метрополитано“ ќе има фиеста во нивна чест и ќе се слави нов пласман на Европско првенство.

Романците се надеваа докрај, но по поразот од Шведска на домашен терен пред три дена, не успеаја. Прашање е какви се мотивите за игра иако имаат добар состав.

Можно е Козмоин Контра да им даде шанса на помладите играчи, на дел од генерацијата што стигна до полуфинале на последното ЕП за фудбалери до 21 година.

И Роберт Морено може да си дозволи луксуз да направи по некоја смена во стартниот состав, па се очекува убава атмосфера и меч со голови.

Предлог тип: 3+ (1.52)

 

Лихтенштајн – Босна и Херцеговина (Квалификации за ЕП 2020, 20.45 часот)

Босанците не го искористија првиот џокер за пласман на ЕП, но ќе имаат уште една шанса преку баражот во Лигата на нациите.

Овој меч ќе им послужи и за да се проверат дел од играчите што не играат често. Најавено е дека Џеко ќе биде на клупата, а има недоразбирања меѓу најдобриот стрелец на репрезентацијата и селекторот Роберт Просинечки. Навивачите се обидоа да посредуваат, но проблемите на релација Џеко-Просинечки останаа.

Лихтенштајн нема победа и вечерва им е последната шанса, но иако во таборот на гостите има многу проблеми, сепак квалитетот е на страната на БиХ, без разлика кој ќе игра за гостите.

Ќе се игра за престиж, Босанците на последните четири официјални дуели со Лихтенштајн имаа постигнато неверојатни 22 гола, или 5,5 во просек, па очекуваме нов ефикасен меч на „Рајнпарк“ во Вадуз.

Предлог тип: 4+ (2.15)

 

Република Ирска – Данска (Квалификации за ЕП 2020, 20.45 часот)

Ова е единствениот дуел вечерва во квалификациите што ќе одлучува за патник на ЕП, а место веројатно ќе има само за една од двете репрезентации.

Се очекува Швајцарија да го победи Гибралтар, па ќе остане Република Ирска и Данска во нокаут-меч да одлучуваат која селекција ќе игра следната година на јубилејното ЕП.

Данците имаат три бода предност, но со пораз ќе испаднат бидејќи одлучува меѓусебниот скор во случај двете селекции да имаат еднаков број бодови. Првиот меч во Копенхаген заврши нерешено, 1:1, па Ирците со каква било победа ќе слават пласман за ЕП 2020.

Ова ќе биде меч во кој грешките ќе треба да бидат сведени на минимум, може да одлучи еден кикс, еден добар потег, еден гол, па очекуваме тврд меч. Веројатно и варијантата со 0-2 гола е добра, но бидејќи влогот е голем, очекуваме и двете селекции да почнат претпазливо, па во второто полувреме да одлучат која репрезентација ќе игра на континенталниот фудбалски самит идната година.

Предлог тип: 2>1 (2.10)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести