Баерн Минхен и Барселона поставија нови рекорди во ЛШ

Баерн Минхен сезонава нема милост кон противниците во Лигата на шампиони. Германскиот шампион едноставно е како казнена експедиција. Во осумте одиграни меча, Баерн има осум победи и тоа со стил. Баварскиот гигант даде 31 гол досега, што е апсолутен рекорд во ЛШ до оваа фаза од натпреварувањето (просек од речиси четири погодоци на меч).

И Барселона со победата над Наполи (3:1), постави рекорд во елитното натпреварување. Каталонскиот гигант 18 пат е дел од четвртфиналето во ЛШ, повеќе од било кој друг клуб во Европа. За Барса ова е 13 пат во низа да биде дел од осумте најдобри клуба на Стариот континент.

Во четвртфиналето ќе играат токму Барселона против Баерн Минхен, а во останатите три четвртфинални дуели ќе се сретнат клубови кои никогаш не биле европски владетели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести