Бајиќ: Ја остваривме целта, први сме во групата

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, е задоволен што неговиот тим го освои првото место во групата од претквалификациите за СП 2023, но призна дека Црвено-жолтите оставија лош впечаток со поразот вечерва од Словачка во последното коло.

„Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, како први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно и чесно ќе се вратиме. Уште еднаш, честитки до сите, благодарност до претседателот Перо Антиќ за довербата“, изјави Бајиќ.

Што се однесува до мечот, тешко е психолошки да го подготвиш тимот за меч за кој знаеш дека можеш да загубиш со 20 разлика, а пак да си прв. На овој турнир имавме добра одбрана, но на овој натпревар потфрливме. Немавме однос на теренот како на претходните мечеви. Ова е историски момент за македонската кошарка, да се играат квалификации за СП. Ние, според некое мое видување, останавме без деветмина играчи во ростерот. Мора малку време и простор да се види кој од оние сите играчи кои не ни помогнаа сега, ќе можат да помогнат после. Доаѓа европската елита, сакам да им дадам шанса на сите и на помладите играчи кои во следните години треба да бидат со репрезентацијата“, додаде селекторот Бајиќ.

- Оглас -

Најнови вести