Барди е подготвен за историја, на Леванте му одговара и реми без голови

Енис Барди ја прегрме повредата на мускулот и е во комбинација за настап во тимот на Леванте против Атлетик Билбао во реваншot od полуфиналето во Копа дел Реј вечерва од 21 часот.

Леванте има одличен резултат 1:1 од првиот натпревар во Билбао и може да одигра и нерешено, без голови за историски пласман во финалето на Шпанскиот куп.

Секоја победа на домаќините ќе значи дуел со Барселона на 17 април, на стадионот „Картуха“ во Севилја. Леванте во 111-годишната историја на клубот никогаш не играл за пехарот во националниот куп на Шпанија.

За подвиг им треба да не примат гол,вечерва на „Сиудад Валенсија“, против тим што го немаат победено на последните шест меѓусебни пресметки.

Атлетик Билбао секако ќе патува за Севилја во април и сигурно ќе игра едно финале во Копа дел Реј, ланското против Реал Сосиедад што беше пролонгирано поради корона-вирусот.

Ако го елиминираат Леванте, Баскијците ќе испишат историја и ќе играат две финалиња во шпанскиот куп во ист месец, што не се случило никогаш досега.

 

- Оглас -

Најнови вести