Барди е расположен за битка на „Сан Мамеш“ – Се вклучи во живо со комичен поздрав (Видео)

Енис Барди се вклучи во живо во преносот на клупската телевизија на Леванте и со шеговит поздрав покажа дека е расположен за стартот на двомечот што може да донесе историски настап за клубот во финалето на шпанскиот куп.

Барди се пошегува на интересен начин и покажа дека е подготвен за големиот предизвик на „Сан Мамеш“ во првиот полуфинален дуел од двомечот со Атлетик Билбао вечерва од 21 часот.

Леванте никогаш не играл во финалето на Копа дел Реј и сега има шанса да го елиминира тимот од Билбао и да запише историска страница во клубот со 111-годишна традиција.

За историја, и тоа шпанска, битка бие и ривалот. Атлетик Билбао може да биде единствениот тим во Шпанија што би играл две финалиња во Копа дел Реј во ист месец.

На 4 април ќе го играат ланското финале со Реал Сосиедад, што беше пролонгирано поради пандемијата со корона-вирусот, а ако го елиминираат Леванте, повторно би играле меч за пехарот во Копа дел Реј на 17 април, или 13 дена подоцна против Севилја или против Барселона.

Севилја вчера ја победи Барса со 2:0 на домашен терен во првиот полуфинален дуел и има одлична предност пред реваншот на „Камп ноу“ на трети март.

Двете финалиња, и ланското меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад и од тековниот циклус, ќе се играат на ист стадион, на „Ла Картуха“ во Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести