Барди: Среќен сум за головите, не заслуживме ваков резултат, овој меч да ни биде лекција

Енис Барди на својот прв меч во турската лига даде два гола, но неговиот тим Трабзонспор беше разбиен со 2-5 на гостувањето кај Анталијаспор.

Одбраната на Трабзон правеше почетнички грешки во финишот на средбата кога прими два гола, па тимот претрпе тежок пораз. Четири години се немаше случено Трабзон да прими пет гола.

„Среќен сум што на првиот меч во Турција дадов голови, но најважно е дека тимот загуби. Тажно е, но ова е само почеток на лигата. Има многу работи кои можеме да ги научиме од овој меч. Резултатот не е тој што го очекувавме и заслуживме, “ – изјави македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести