Барса објави важна вест за големиот талент што треба да го наследи Меси (Фото)

Ансу Фати да не оди на операција на тетивата е заедничкото решение на Барселона, на играчот и на неговите родители, објави шпанскиот гигант.

Фати, кој веќе на 19-годишна возраст има три операции на коленото, сега има мака со поинаква повреда, а со заеднички договор одлучено е да не оди на операција.

За големиот талент на Барса што треба да биде наследникот на Меси е подготвена специјална програма за рехабилитација што ќе трае најмалку два месеци во обид да се санира повредата по природен пат.

Тоа ќе значи дека Фати нема да игра до крајот на сезоната.

Втората опција беше да биде опериран од финскиот хирург Ласе Лемпаинен, кој успешно го оперираше Усман Дембеле.

Фати се повреди пред десеттина дена на мечот меѓу Барселона и Атлетик Билбао во шпанскиот куп.

Претходно поради операциите на коленото 19-годишниот напаѓач паузираше од ноември 2020 година до септември следната година или речиси цела година.

 

- Оглас -

Најнови вести