Барса се обидува да се испере по срамниот потег и критиките од целиот кошаркарски свет

Огромна прашина се крена во кошаркарска Европа откако по синоќешниот натпревар Анадолу Ефес – Барселона, шпанскиот клуб не му дозволи на својот плејмејкер Томас Ертел да се качи во авионот со кој се вратија дома. Каталонците му се налутиле на Фрацузинот што наводно тајно преговарал со ривалот Реал Мадрид. Во одбрана на Ертел застанаа многу играчи, асоцијации на играчи, а угледот на големата Барселона е на силен удар за неодговорното однесување.

Барса утрово реагираше со соопштение.

„Во неделата, кога имавме меч со Хувентуд, заеднички одлучивме тој да не игра за да избегне можна повреда, со оглед на тоа дека во тек е спогодбено раскинување на договорот. Во понеделникот, играчот не е повикан да игра против Ефес, но клубот му дозволи да патува во Истанбул со тимот и да ја реши својата професионална иднина, како што бараа тој и неговиот агент. Во вторникот напладне, клубот и агентот ги прекинуваат преговорите со клубот во кој сакал да премине. Играчот ги доби сите услуги како хотелска соба, авионска карта, до цела докуменција за да може да се врати во Барселона. Клубот сака да соопшти дека Томас Ертел останува дел од Барселона, а во наредните денови ќе се одреди неговата иднина“, стои во соопштението на Барса.

Овој скандал ја потресе Барселона среде предизборен период. Еден од кандидатите за преземање на кормилото на Барселона е Жоан Лапорта, кој е и поранешен претседател на клубот во периодот од 2003 до 2010 година.

„На Барселона ѝ треба силно лидерство, и тоа веднаш, нема време за губење. Не ги знам деталите, но вакви работи не смее да се случуваат, ова не помага за имиџот на клубот“, порача адвокатот и политичар.

- Оглас -

Најнови вести