Барселона го „угаси вулканот“ во Истанбул и продолжи во Лигата на Европа

Барселона со 2:1 славеше на гости во Истанбул против Галатасарај и со тоа се пласира во четвртфиналето од Лигата на Европа. Каталонскиот гигант на првиот меч на свој терен не успеа да даде гол, но затоа пред повеќе од 50.000 жестоки навивачи на Галатасарај стигна до триумф, и тоа со пресврт.

Маркао погоди за водство на Галатасарај, а потоа следуваше „магија“ на Педри, кој со фантастичен погодок израмни на 1:1 на полувреме. На почетокот на вториот дел, Пјер-Емерик Обамејанг погоди за 2:1, што на крајот се покажа како гол доволен за победа на Барселона.

Во четвртфиналето од Лигата на Европа се пласираа и Аталанта, која со 1:0 славеше на гости кај Баер во Леверкузен, додека Брага ја одбрани предноста од два гола по првиот меч и одигра 1:1 на гости кај Монако, па Португалците се радуваа на крајот.

Црвена ѕвезда имаше Пирова победа над Глазгов ренџерс од 2:1 затоа што српскиот првак во првиот дуел загуби со 3:0, па Шкотите се во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести