Баварски циркус, Баерн со официјално соопштение објави дека не сака да се раздели со Флик

Баерн Минхен објави соопштение во кое изрази желба тренерот Ханси Флик да остане на нивната клупа до крајот на договорот во јуни 2023 година. Флик вчера после мечот со Волфсбург, најави заминување ова лето, за својата одлука ги известил и фудбалерите, но клубот не сака да се откаже од човекот кој ја води екипата на Баерн од ноември 2019 година.

На баварците им претстои борба за одбрана на титулата, и не им требаат вакви несогласувања периодов, но Баерн мораше официјално да ја извести јавноста за својата намера. Се шпекулира дека Флик сака да биде нов германски селектор, а и самиот изјави дека би му било задоволство да ја води репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести