Белингам со „воспитна“ шлаканица му честиташе на Ендрик за голот на „Вембли“ (Видео)

Сцената со честитката на Џуд Белингам до Ендрик по завршувањето на мечот Англија – Бразил на стадионот „Вембли“ од Лондон, стана вирална на социјалните мрежи.

Канаринците ја победија Англија со 1-0, единствениот гол го постигна Ендрик, играч летово ќе му стане соиграч на Белингам во Реал Мадрид. Ендрик со голот, стана најмлад стрелец во историјата на „Вембли“.

По последниот судиски свиреж, играчите на двата тима си разменуваа поздрави, а во еден момент пред Ендрик се појави Белингам. Англичанецот кој не е многу постар од Бразилецот, на шега му удри една „воспитна“ другарска шлаканица, па сцената стана хит.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести