Бернард Томиќ лажел дека е заразен од коронавирус
Срамно однесување на австралискиот тенисер.

На почетокот на март, кога Бернард Томиќ играше на турнир во мексиканскиот град Монтереј, австралискиот тенисер со хрватско потекло се пожали дека отежнато дише, и дека покрај краткиот здив, има и други симптоми на вирусот Ковид-19.
Потоа комуницирал со германската колешка Андреа Петковиќ, и на нејзе ѝ признал дека нема вирус. Германската со српско потекло, реши тоа да го сподели со јавноста.
„Тој често кажува нешто без да размисли, така и за коронавирусот. Му пишав пред некој ден и ми рече дека сето тоа е лага, и дека не знае ни сам зошто го направил тоа“ – изјави Петковиќ.
Никој не знае зошто 202-риот тенисер на АТП листата, а некогашен светски број 17, сакаше да лаже оти има коронавирус.