Беше во публика кога Рашфорд го даде првиот гол за Манчестер, а синоќа играа заедно

Манчестер јунајтед синоќа загуби на гостувањето кај Башакшехир со 2:1, во меч на кој дефанзивците на премиерлигашот направија две катастрофални грешки, а турскиот тим тоа знаеше да го казни. Деби на европската сцена на дуелот во Истанбул имаше Ден Хандерсон.

Голманот, кој има 23 години, воопшто не беше виновен за двата гола што ги прими затоа што неговите соиграчи буквално го оставија на цедило. Посебно беше неверојатно како дефанзивците на гостите го оставија Демба Ба да погоди од контранапад. Тоа е погодок кој може да се види во детските лиги.

Интересна е приказната за Хандерсон, кој пред четири години бранеше за У23 тимот на Манчестер. На 25 февруари 2016 година тогаш непознатиот тинејџер Маркус Рашфорд се промовираше како ѕвезда во подем,откако ги постигна првите два гола за Манчестер јунајтед.

По постигнување на еден од головите, Рашфорд втрча кон трибините да прослави, и тоа директно со Хандерсон.

Подоцна Хандерсон замина да брани во Гимсби во четвртата лига, па една сезона бранеше во Шрусбери во третата лига, а потоа две сезони беше на голот на Шефилд, со кого од Чемпионшип се пласираше во Премиер лигата.

Хандерсон сезонава се врати во Манчестер и дебитираше во европските купови, а во тимот на Црвените ѓаволи во нападот беше и Маркус Рашфорд, со кого пред четири години славеше, но од трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести