Бешикташ сака да купи двајца фудбалери на Милан!

Екипата на Бешикташ од Истанбул испрати и официјална понуда до Милан за купување на двајца нивни фудбалери. Се работи за Дивок Ориги и Анте Ребиќ. “Црвено-црните“ од Милано не сметаат на услугите на овие двајца фудбалери за следната сезона и сакаат по секоја цена да ги продадат.

Во моментов не е познато колку изнесува понудата на Бешикташ за двоецот на Милан.

Ориги одигра разочарувачка сезона за Милан, а Ребиќ имаше големи проблеми со повредите.

- Оглас -

Најнови вести