Борба на векот: УФЦ подготвува спектакл со најпознатите џуџиња во светот

Сопственикот на УФЦ, Дана Вајт, според последните најави, се обидува да ги обезбеди правата за борбата меѓу двете најпознати џуџиња, Хасбула и Абдурозик.

И двајцата луѓе кои боледуваат од низок раст, изминативе месеци станаа интернет-сензација и се популарни насекаде низ светот, а тоа сака да „искористи“ Вајт, кој е подготвен да им понуди по еден и пол милиони долари на двајцата.

Интересно е што и двајцата се водени од ист човек, агентот Ашаб Тамаев, кој пред неколку дена призна дека наголемо се преговара за ова да се случи.

Јасно е дека оваа борба ќе предизвика голема гледаност, а УФЦ ќе ќари убава сума пари со оглед на тоа дека го наплаќа секое свое пренесување во живо.

 

- Оглас -

Најнови вести