Борха погодува, Еспањол победува

Борха Иглесијас со гол во 18. секунда му даде крилја на Еспањол за многу важна победа против Валјадолид од 3:1 во меч од 26. коло во Ла Лига.

Гостите имаа шанса за триумф, а по израмнувањето со голот на Алкараз, промашија пенал. Гвардиола утна пресврт од белата точка и тоа во 45. минута, а потоа стаса казна.

Хермосо и со Ву Леи со деби гол за Еспањол ја казнија утката на гостите и бодовите останаа во Барселона. Еспањол сега има 33 бода на 11. место и е за 10 бодови над зоната за испаѓање, додека Валјадолид е меѓу загрозените екипи со 26 бодови.

- Оглас -

Најнови вести