Борусија Дортмунд испиша историја во Бундеслигата

Борусија Дортмунд најверојатно и оваа сезона нема да биде шампион на Германија, титулата е сè поблиску до Баерн Минхен иако остана уште едно коло во кое ќе се одлучува новиот владетел на Бундеслигата. По денешните средби, Баварците со ремито кај Лајпциг извисија да ја одбранат титулата, додека Дортмунд со победата над Фортуна од 3-2 ја стопи разликата на табелата на само два бода, така што имаат на што да се надеваат во последното коло.

Со славјето над екипата од Дизелдорф на „Сигнал Идуна парк“, избраниците на Лусиен Фавр испишаа историја во германскиот шампионат. Дортмунд е првиот тим кој успеал да постигне најмалку по два гола на сите средби на домашен терен оваа сезона. На 17 дуели пред „Жолтиот ѕид“, Милионерите запишаа 14 победи (најмногу во Бундеслигата), две ремија и само еден пораз, претрпен од ривалот Шалке со 4-2 пред неколку кола.

На „Сигнал Идуна парк“ Дортмунд постигна вкупно 52 гола, а најмногу настрада Нирнберг, примија седум погодоци во поразот од 7-0.

Иако беа лидери на табелата во поголемиот дел од шампионатот, на крајот екипата од Борусија може да претрпи ново разочарување и да остане без шампионската титула, а ја чека од сезоната 2011/2012.

- Оглас -

Најнови вести