Борусија во првиот тим го промовираше 15-годишното чудо од дете (Видео)

Борусија Дортмунд е познат како тим кој во своите редови има многу млади и талентирани фудбалери. Милионерите од следната сезона во своите редови ќе имаат и 15-годишен тинејџер. Тоа е Јусуф Мукоко, фудбалерот кој го наречуваат „чудо од дете“ и од кого се очекува во следните години да блесне на светската сцена.

Мукоко е од Камерун, но има и германски пасош.Тој ги помина сите младински школи на Борусија Дортмунд во кои немаше конкуренција. Во две сезони поминати во У17 тимот, даде неверојатни 88 гола во 54 меча. Поради тоа, Мукоко уште со 14 години доби шанса да заигра за младинската селекција на Милионерите, каде имаше блескаво деби. На првиот меч против Вупертал даде шест гола во победата од 9:2. 

Сите овие факти беа доволна причина, тинејџерот летово да биде префрлен во сениорскиот тим, каде доби и свој дрес. Мукоко ќе биде со бројот 18. Тој е и младински репрезентативец на Германија, а ќе видиме кога ќе добие шанса да дебитира во сениорскиот тим на Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести