Бостон победи со звукот на сирената и е на чекор од историски пресврт (Видео)

Екипата на Бостон дојде на чекор од историски пресврт и после заостанувањњето со 3-0 се избори за мајторка во финалето на Источната конференција, откако го совлада Мајами на гостите со 104-103. Кошот за победа на само десеттинка до крајот на мечот го постигна Дерик Вајт и му овозможи на својот тим со победа на седмиот натпревар да испише историја во НБА како прва екипа која направила пресврт во плеј-офот откако губела со 3-0.

Тејтум со 31 и Браун со 26 поени беа предводници на Бостон, додека Батлер со 24 поени беше најефикасен во редовите на поразената екипа.

- Оглас -

Најнови вести