Брајтвајт демантира: Лага е дека ја побарав „десетката“ на Меси

Мартин Брајтвајт, напаѓачот на Барселона, ги демантираше шпекулациите дека побарал да го носи бројот 10 од моментот кога Лионел Меси ќе го ослободи со заминувањето од клубот.

Данецот пристигна на „Камп ноу“ во јануарскиот преоден рок како замена за тогаш повредениот Луис Суарес и јасно е дека нема главна улога во тимот за да го носи култниот број, кој во изминативе две децении го носеа само Меси и Роналдињо.

„Не разбирам зошто луѓето измислуваат вакви работи. Секако дека не го побарав бројот 10, само Меси може да го носи тој број. Во изминатиов период се пишуваа доста работи за него, јас не сум запознаен со ситуацијата и можам да кажам само дека е убаво чуството да се биде покрај најдобриот фудбалер во светот“, истакна Брајтвајт за данските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести