Братот на Ѓоковиќ: Не знаевме дека на Димитров му е лошо и дека има симптоми на ковид-19

Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на тенискиот ас Новак, кој беше во организацискиот одбор на турнирот „Адрија“ вели дека Григор Димитров молчел дека му е лошо и дека бил исцрпен со симптоми на корона-вирус.

Бугарскиот тенисер беше и во Белград и во Задар на турнејата што ја организираше тениското семејство Ѓоковиќ, но на двапати одил да се тестира иако имал симптоми на ковид-19.

Дури откако се врати во Монако, бугарскиот тенисер објави дека има позитивен наод на ковид-19, а потоа како домино-ефект стасаа информации дека и Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ и Виктор Троицки имаат позитивни тестови.

„Не знаевме дека на Димитров му е лошо и дека има симптоми на ковид-19. Кога разбравме од неговата објава на ‘Инстаграм’, веднаш го прекинавме турнирот и финалето не се одигра. Над 100 луѓе што беа директно или индиректно вклучени во турнирот „Адрија“ се тестирани, а само четворица од нив имаат позитивен тест“, вели братот на Новак.

По инфомциите за неколку заразени тенисери што учествуваа на „Адрија“ турнирот, меѓу нив и Новак Ѓоковиќ, следуваа лавина од реакции и критики за семејството Ѓоковиќ.

„Жал ми е што и мојот пријател од деството Борна Чориќ е позитивен. Мислам дека нема причини за паника и се надевам дека наскоро сите ќе бидат здрави и подготвени за тенис. Новак постојано беше во контакт со епидемиолозите и немаше симптоми на ковид-19, па затоа и не се тестираше во Хрватска. Го почитувавме протоколот и советите на докторите и веднаш по слетувањето во Белград и Новак се тестираше на Ковид-19“, изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести