Британски милијардер ќе ги откупи правата за името на „Камп ноу“?

Британскиот бизнисмен Алки Дејвид има намера да ги откупи правата за името на „Камп ноу“, стадионот на Барселона. Каталонците во краток период најдоа клиент по одлуката да ги продадат правата за првпат во историјата откако стадионот е во употреба од 1957 година.

Дејвид е косопственик на компанијата „Swissx & FilmOn“ заедно со боксерската легенда Мајк Тајсон, која е наменета за производство на лекови на база на канабис, па слично ќе се вика и домот на шпанскиот првак. Неговата идеја е да го додаде „Swissx“ пред сегашното име на легендарниот фудбалски храм.

„Свисикс Камп ноу – ми се допаѓа како звучи“, изјавил британскиот милијардер, а наводно е подготвен да ја плати сумата која ја бара Барселона која изнесува околу 40 милиони евра годишно.

Од таборот на Барселона напоменаа дека дел од средствата ќе се наменат за хуманитарни цели, но и за реновирање на самиот стадион.

- Оглас -

Најнови вести